Во зависност од добиените податоци и новите проекции, Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни би можела да ги намали референтните каматни стапки во еврозоната, но понатамошните чекори се многу помалку сигурни.
Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, изјави во интервју за агенцијата Никеи дека последниот чекор за намалување на инфлацијата е најтежок, бидејќи последните податоци укажуваат на забавување на дезинфлацијата во еврозоната, пренесува Б92.
– Со оглед на големата неизвесност во поглед на изгледите за инфлацијата, треба да си дадеме доволно време да процениме како напредува закрепнувањето и како монетарната политика влијае на економскиот раст и инфлацијата – посочи Шнабел.
Таа нагласи дека дополнителното намалување на каматните стапки во јули „не изгледа оправдано“, бидејќи ЕЦБ, според неа, треба да следи претпазлив пристап.
Шнабел рече дека движењето на каматните стапки по летото е крајно неизвесно, па банката не може однапред да се обврзе да следи одредена политика.