Европската централна банка неодамна објави дека ќе се насочи кон стапка на инфлација од два проценти на среден рок, наместо сегашната „нешто под два проценти“, но на многумина не им е јасно што всушност тоа значи.

Од 2003 година, целта на инфлацијата во еврозоната е „под, но близу два процента“. Сепак, сега, најверојатно, ќе достигне два проценти, ако не го надмине тој процент.

Во иднина, затоа, два процента ќе бидат пожелна бројка, а раководството на ЕЦБ ќе ги смета големите отстапувања од оваа стапка како подеднакво лош сигнал, без оглед на насоката во која се движат и ќе преземе одредени мерки против нив. Сепак, како што велат од оваа банка, ЕЦБ ќе биде повеќе склона да прифати малку повисока инфлација од посакуваната во одредени околности.

Да потсетиме, во последните 12 години просечната годишна стапка на инфлација во еврозоната беше 0,9 проценти, што е значително помалку отколку во остатокот од светот. Сега, поради кризата предизвикана од пандемијата, остатокот од светот ќе има уште поголема инфлација, особено САД.