Кредитите за домаќинства во еврозоната се зголемија за 3,4 проценти во однос на минатата година, највисок пораст од кризата од 2009 година. Во претходниот месец, тие пораснаа за 3,3 проценти, покажуваат податоците на Европската централна банка.
Кредитите на компаниите се зголемија за 3,9 проценти со исто темпо како и претходниот месец. Ова е исто така највисока стапка на раст оваа година.
Одделно, ЕЦБ денес објави дека индикаторот за снабдување со пари во монетарниот агрегат М3 се зголеми за 5,2 проценти во јули, откако во јуни се зголеми за 4,5 проценти. М3 е познат како релативно сигурен показател за активност во наредниот период. Новите податоци на ЕЦБ, особено на зголемувањето на кредитирањето на претпријатијата, укажуваат на тоа дека и покрај падовите, економиите во еврозоната не се во опасност од рецесија, заклучува Ројтерс.
Со оглед на тоа што растот на слабата побарувачка за извоз на производи е сè уште побавен од трендот во минатото, бројките веројатно нема да ја задушат ЕЦБ, чии официјални претставници скоро сигурно ќе објават дополнителен стимул на состанокот во септември, пренесува Ројтерс.
На ова треба да се додаде и неодамнешниот Брегзит, веројатно без договор и глобалната трговска војна што ги нарушува очекувањата на бизнис лидерите. Германската индустрија опаѓа веќе подолго време и е во опасност својата слабост наскоро да се прошири на целата економија, дури и надвор од границите на Германија. Во вториот квартал, економската активност во Германија се намали за 0,1 проценти во однос на претходните три месеци. На годишно ниво, таа беше скоро блокирана.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк