Европската централна банка нема да реагира на помали промени во инфлацијата, изјави претседателката на оваа финансиска институција, Кристин Лагард, поради порастот на цените во еврозоната.

Европската централна банка имаше тешкотии да ги постигне целите на инфлацијата од нешто помалку од два проценти во последните неколку години, а ситуацијата се влоши со пандемијата на коронавирусoт. Сепак, најновите податоци покажуваат пораст на цените.

– Нема да се фокусираме на мали промени и неодржливи потези. Мислам дека заедно треба да се предупредиме на фактот дека ќе видиме зголемување на инфлацијата во текот на 2021 година – рече Лагард во обраќањето пред Европскиот парламент.

Лагард истакна дека „шума и едно дрво не треба да се мешаат“, бидејќи краткорочната промена на инфлацијата што е поврзана со тековните фактори или преодната транзиција не треба да предизвика никаков конкретен потег, објави CNBC.

– Токму спротивното. Затоа, не се обидуваме да стигнеме, туку се обидуваме да спречиме да добие предност пред економскиот развој – посочи Лагард.

Според Лагард, се верува дека 2021 година е година на опоравување, но не пред втората половина на годината.