Со крајот на осумгодишниот мандат на Мариo Драги како претседател на Европската централна банка, нејзината администрација денес одлучи да не ги менува клучните каматни стапки и дека и понатаму ќе продолжи да се придржува кон својата претходно најавена стимулативна програма.
ECB соопшти дека ја одржува стапката на прекуноќните депозити на банките на минус 0,5 проценти.
Таа стапка во септември беше намалена од минус 0,4 проценти.
ECB исто така во септември објави дека повторно ќе ја започне својата програма за стимулирање за купување обврзници, со купување на 20 милијарди евра месечно, почнувајќи од 1 ноември. Времетраењето на таа мерка не е утврдено.