Како би ја намалила загриженоста поради можни контаминирани банкноти, Европската централна банка (ЕЦБ) започна со истражување во голем број на високорангирани европски лаборатории како би го проценила однесувањето на коронавирусот на различни површини.
Резултатите покажуваат дека вирусот може многу полесно да преживее на површините од не’рѓосувачки челик отколку на банкнотите, со стапка на преживување приближно 10 до 100 пати повисока во првите неколку часа по контаминирањето. Другите анализи покажуваат дека е многу потешко да се пренесе вирусот од порозни површини како банкнотите отколку од мазни површини како што е пластиката.
„Банкнотите не претставуваат особено значителен ризик од инфекција во споредба со другите типови површини со кои луѓето доаѓаат во контакт во нивниот секојдневен живот. Сепак, нашата соработка со научните лаборатории ќе продолжи и во наредните недели за да се одржи довербата на јавноста во безбедноста на банкнотите“, велат од Европската централна банка (ЕЦБ).