Повеќе од една четвртина од граѓаните на Европската унија не можеа да си дозволат да имаат една недела одмор во 2018 година, соопшти денеска Европското биро за статистика.
Процентот на граѓани на ЕУ на возраст над 16 години кои не патувале никаде минатата година е 28,3 проценти, според Институтот.
Ова е секако подобро отколку во 2013 година, кога овој процент беше скоро 40 проценти.
Во однос на одделните земји-членки на ЕУ, скоро 59% од романските граѓани, 51,3% од хрватските граѓани, 51% од Грција и Кипар не можат да си дозволат една недела одмор.
Процентот на оние кои не можат да патуваат во Европа е најнизок во Шведска (9,7 проценти) и Луксембург (10,9 проценти според бројките за 2017 година).
Земјите што најмногу се „подобриле“ според овој критериум во последните пет години се Бугарија со 35,8 проценти (сега 30,5 проценти во 2018 година) и Полска со 26 проценти ( претходно 34,6 проценти).
Грција е единствената земја-членка на ЕУ што го зголеми овој процент во период од пет години, и тоа за два проценти, соопшти Евростат.