Системот за сертификација на биогоривата на ЕУ не е целосно сигурен, се вели во извештајот на Европскиот суд на ревизори
Околу една третина од користеното масло за готвење (UCO – Used Cooking Oil) во Европа, веројатно е лажно, јави извор од индустријата за биогорива за Euractiv, предупредувајќи го Брисел да “размисли повторно” за начинот на кој се следи целиот синџир на снабдување.
“Тоа е затоа што приближно 70 земји кои го испорачуваат UCO (масла и масти класифицирани од Европскиот каталог за отпад како општински отпад а се користи за готвење во прехранбената индустрија, рестораните, установите за брза храна и на корисничко ниво, како и од домаќинствата ) немаат капацитет да собираат, обработуваат и извезуваат речиси 3,5 милијарди литри, кои ќе бидат потрошени во 2019 година “, вели изворот, додавајќи:” Особено кога станува јасно дека многу земји надвор од ЕУ, исто така, користат од маслото на своите пазари “.
Според ревидираната Директива за обновлива енергија, UCO се забележува двојно. Во теорија, ова значи, на пример, дека ако потрошувачката на UCO е 2%, тоа ќе биде 4% од вкупната енергија која користи во транспортот. На овој начин тоа се гледа како лесно решавање на прашањето за постигнување на целите за почист транспорт.
Меѓутоа, во пракса, работите се посложени. Велика Британија и Холандија неодамна почнаа официјални истраги на компании кои тврдат дека продаваат биодизел кој содржи палминото масло.
Извори од ЕУ споделија за Euractiv во мај дека следењето на спроведувањето на директивата останува во голема мера одговорност на земјите членки на ЕУ.
Критичарите посочуваат дека има скриена врска помеѓу UCO и палмино масло, кое Унијата одлучи да го укине поради ризикот од индиректни промени во земјиштето од користењето на биогорива (ILUC – Indirect Land Use Change).
“При сценарио во кое UCO привлекува супер поволно финансирање каде поради двојното броење е поевтино и полесно да се направи така што палминото масло изгледа како UCO и каде регулативата не е адекватна за спречување измама, тогаш е очигледно дека нашите UCO се лажни “, додава изворот.
Во 2016 година Европскиот суд на ревизори објави извештај и предупреди за скриени опасности при биогоривата со двојно броење а особено во однос на UCO.
“Системот за сертификација на отпорноста на биогорива на ЕУ не е целосно сигурен поради слабостите во процедурите на ЕК и последните надзори кои се доброволни”, се наведува во извештајот.
Лора Бафет од NGO Transport & Environment наведува: “Од клучно значење е властите да применат ефективен мониторинг на синџирите на снабдување на биогорива и да спроведуваат истраги, кога е потребно”.