Првичната јавна понуда на Алибаба ќе биде најголема во историјата, тврди основачот на компанијата Џек Ма.
„Ова е прв пат да се одржи толку големо ИПО со историски димензии надвор од Њујорк“, рече Ма.
Цената на акцијата во ИПО ќе се одреди следната недела.
Извори блиски до Алибаба велат дека ИПО-то ќе вреди 35 милијарди долари, што би било повеќе од 29,4, што беше претходниот рекорд од декември минатата година, што го држеше Сауди Арамко.
Оваа компанија за е-трговија сочинува околу 80 проценти од целата продажба преку Интернет во Кина. Иако компанијата обезбедува и други Интернет услуги, Алибаба генерира повеќе од 80 проценти од своите приходи на три платформи за трговија, каде што продава сè, од игли за шиење до мебел и производи за деца.
Минатата година оствари промет од околу 248 милијарди долари, додека бројот на активни корисници се зголеми за 14 проценти, на 230 милиони, повеќе отколку што имаат заедно Amazon.com и eBay.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк