Милијардерот Џек Ма, долго време е отворен заговореник на екстремната кинеска работна култура и вели дека луѓето би требало да работат само 12 часа неделно. Таквото работно време може да се воведе благодарение на предностите на вештачка интелигенција.
Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи-рекол коосновачот на Алибаба Груп Холдинг на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.Ма ја навел електричната енергија како пример за развој на технологијата дека може да даде простор за слободно време.
Моќта на електричната енерија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така да можете навечер да одите на караоке или танц. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат уште време да уживаат во животот-рекол Ма.
Во наредните 10, 20 години, секое човечко битие, државата, владата, би требало да се фокусираат на реформата на образовниот систем, осигурувајќи дека нашите деца можат да најдат работа, работа за која се потребни само три дена во неделата, четири часа дневно-посочил Ма.
Ако не го промениме образовниот систем во кој се наоѓаме, сите ќе се најдеме во проблем, предупредил.