Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022-ра и 2023-та година. Советуваат постепено враќање кон фискалната консолидација и намалување на јавниот долгот под 60 проценти. Велат, потребно е поефективно прибирање на даноците, подобрување на софтверот во УЈП и проширување на даночната база.

До крајот на годината се очекува раст на БДП од 4 проценти, инфлацијата ќе достигне 3,3 насто, покажуваат есенските економски прогнози на Европската комисија.

Економското закрепнување се одвива добро со зајакнување на домашната и странската потрошувачка. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022-ра и 2023-та година. Советуваат постепено враќање кон фискалната консолидација и намалување на јавниот долгот под 60 проценти. Велат, потребно е поефективно прибирање на даноците, подобрување на софтверот во УЈП и проширување на даночната база.

Како ризици за позитивните изгледи за раст се наведени продолжувањето на пандемијата на Ковид-19, забавувањето на темпото на вакцинација и евентуалните дополнителни рестриктивни мерки. Продолженото нарушувањето на синџирите на снабдување може да влијае негативно на очекувањата за извозот.