Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од агенцијата „Маркет Вижн“ во периодот од 20 март до 17 април, покажа дека македонските граѓани денес како најголем проблем го издвојуваат економскиот статус – ниските приходи и порастот на цените. За првпат, криминалот и корупцијата, кои традиционално беа на врвот на листата на најважни проблеми, се наоѓаат на второто место.
Ова претставува значајна промена во однос на досегашните истражувања, каде што криминалот и корупцијата доминираа како главни грижи на граѓаните. Новите резултати покажуваат дека економските предизвици денес се најгорливо прашање за населението.
Покрај ова, истражувањето ги анализираше и политичките рејтинзи, при што се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму уживаат убедлива поддршка меѓу гласачите.