БРИСЕЛ (Ројтерс) -Растот на економијата во еврозоната се успори на најспоро темпо за последните четири години во третиот квартал од 2018 година, додека растот на вработеноста, исто така, се намали во текот на овој период, покажаа податоците објавени денес.
Бруто-домашниот производ на Еврозоната (БДП) се зголеми за 0,2 проценти во периодот јули-септември, објави Европската агенција за статистика Еуростат, потврдувајќи ја претходната прелиминарна проценка од 30 октомври.
Ова беше најмала стапка на економски раст од вториот квартал од 2014 година.
Економијата на Германија, најголемата во еврозона, порасна со 0,2 проценти, Франција е за 0,4 проценти посилна, додека Италија во истиот период беше непроменета.
Евростат исто така потврди дека годишната стапка на раст на БДП изнесува 1,7 отсто, што е најниско ниво од четвртиот квартал од 2014 година.
Еуростат, исто така, објави за првпат блиски проценки за вработување. Тие покажаа дека растот на вработеноста се намали во третиот квартал споредбено со вториот.
Бројот на вработени во еврозоната се зголеми за 0,2 отсто на квартално ниво и за 1,3 отсто за период од една година, во споредба со стапките од 0,4 и 1,5 отсто, соодветно, во вториот квартал.
Индустриското производство во септември, последниот месец од третиот квартал, исто така беше слабо, опадна за 0,3 проценти месечно за месецот. Стапката на годишно ниво е зголемена за 0,9 проценти.
Излезот на енергија и трајни производи за широка потрошувачка се намалува контиуирано од месец до месец и од година во година.