Економијата на еврозоната значително забави во септември, запрена од наглиот пад на побарувачката за стоки и услуги, покажа во понеделникот студијата на лондонската компанија за собирање на податоци и маркетинг – фирмата „Маркит“.
Во септември, индексот за набавки на менаџерите во еврозоната (PMI) падна на 50,4 поени, од 51,9 поени во август, проценува „Маркит“. Вредностите пониски од 50 поени укажуваат на пад на активност и поголема вредност за нивниот раст.
Септември беше со најнизок PMI индекс од средината на 2013 година.
„Економијата на еврозоната е на работ на стагнација, со нови индикации за ширење и сè повеќе опаѓање на дејноста во индустријата и услугите“, забележува главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.
Новите нарачки за стоки и услуги забележаа најголем пад во нешто повеќе од шест години, рече Маркит.
„Детали од истражувањето посочуваат дека економијата е загрозена од пад на активноста во наредните месеци“, рече Вилијамсон.
Извештајот ја поддржува одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за нов стимул за економијата во еврозоната. ЕЦБ пред десетина дена која донесе одлука за повторно воспоставување на програмата за откуп на средства од 20 милијарди евра за поддршка на инфлацијата и економскиот раст во еврозоната. Во исто време, тие дополнително ја намалија каматната стапка на банкарските депозити уште подлабоко на негативна територија.
Со оглед на трговските конфликти, геополитичките тензии и Брексит, како и загриженоста за забавување на глобалниот економски раст, деловните лидери се доста песимистички во врска со ситуацијата во текот на следните 12 месеци, вклучително и изгледите за побарувачка, на глобално ниво и во самата еврозоната.
„Во светло на ваквите податоци на истражувањето, ЕЦБ ќе биде под голем притисок да го надополни неодамна усвоениот пакет за стимули“, предвидува главниот економист со седиште во Лондон.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк