Тие ги намалуваат прогнозите за првиот квартал заради новите блокади

Економијата во еврозоната е можно повторно да се намали оваа година, бидејќи ковид пандемијата го втурнува регионот во двојна рецесија.

Аналитичари во банките, вклучително и JPMorgan Chase &  УБС Груп АГ, ги намалуваат своите прогнози, известувајќи за обновување на блокадите – на места, потешки од кога било, пренесува Блумберг.

Поради забавување на вакцинацијата ширум Европа и пречките во трговијата заради Брегзит, економистите очекуваат втор последователен квартал на пад на бруто домашниот производ. Ова ќе го зголеми притисокот врз задолжените влади и Европската централна банка, која треба да се состане следната недела, за да се обезбеди поголема финансиска поддршка за деловните субјекти и домаќинствата.

Таканаречените показатели за висока фреквенција на мобилност и активност покажуваат дека иако економската активност во еврозоната се интензивираше во првата недела од оваа година кога луѓето се вратија на работа таа беше далеку пониска од предходната година.

„Блокадите и бавното темпо на вакцинација отежнуваат“, рече Катарина Утермол, виш економист во „Алијанц СЕ“.

Блумберг сега очекува економијата на еврозоната да се намали за околу 4% во првите три месеци од 2021 година, заснована на „песимистички“ претпоставки за тоа колку ќе траат ограничувањата.

JPMorgan, која проценува дека економијата претрпе огромен пад од 9% во четвртиот квартал на 2020 година, сега предвидува пад од 1% во првиот квартал од 2021 година во споредба со претходната прогноза за раст од 2%. УБС очекува пад од 0,4% за првиот квартал во споредба со претходните очекувања за раст од 2,4%. Голдман Сакс Груп АД предвидува мала контракција, со голема несигурност и „ризици од опаѓање“.

Брегзит исто така има влијание. ING Group NV вели дека покрај шокот од вирусот, извозот може повторно да ослабне по зајакнувањето на крајот на годината.

Холандската банка очекува нула раст „во најдобар случај“ во текот на следните три месеци и рече дека економијата во регионот нема да се врати на нивото на пред-пандемијата до 2023 година.

Сите влади во еврозоната се под зголемен притисок за поддршка на компании и работни места, додека ЕЦБ ги одржува трошоците за позајмување близу до нула. Централната банка веќе ја подготви својата програма за откуп на обврзници до март 2022 година. Ова значи дека оваа година може да се движи без поголеми прилагодувања на политиките. Ситигруп вели дека програмата сепак ќе треба повторно да се продолжи.

Повеќето економисти предвидуваат дека закрепнувањето ќе биде на крајот од вториот квартал. Очекуваното зголемување на побарувачката може да доведе до ослободување на стотици милијарди евра присилна заштеда од потрошувачите поради ограничувањата, што може да предизвика привремена ескалација на инфлацијата, пренесува ТВ Блумберг.

До втората половина на годината, досега огромниот фонд за опоравување од 1,8 трилиони евра (2,2 трилиони американски долари) и повеќегодишниот буџет мора да го поддржат растот преку јавни инвестиции, што ќе биде клучно доколку компаниите сакаат да ги поправат своите кризи финансии.

„Очекуваме владите да обезбедат постојана поддршка за да помогнат во закрепнувањето, преминувајќи од поддршка на приходите кон стимулирачка побарувачка“, рече во извештајот економистот на УБС, Рајнхард Клуз.

Забрането превземање на соддржината  без претходно одобрение на редакцијата на БанкоМетар.