Економијата на еврозоната разоча на почетокот на годината, побавниот раст на активностите во производството и услужниот сектор ги зголемува шансите за нови интервенции, констатираат од Markit,
Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во приватниот сектор на еврозоната во јануари падна на 53,6 поени од 54,3 поени во декември. Неговата вредност сигнализира побавен економски раст во последните четири месеци.
“Разочарувачките резултати од истражувањето за PMI во еврозоната сигнализираa стапка на раст што е меѓу најниските во изминатата година и ги зголемува шансите за дополнителна поддршка”, изјави главниот економист на Markit Chris Williamson.
Забавениот раст е регистриран во индустрискиот и услужниот сектор, констатираат од Markit, додавајќи дека континуираниот раст на вработеноста и зголемените нарачки значи продолжување на трендот на пораст во наредните месеци, што дава поддршка на слабиот оптимизам во врска со економската ситуација.
Меѓу водечките економии во еврозоната растот во првите месеци од оваа година е намален во Германија и Италија, додека Франција повторно бележи стагнација на активностите. Најголем пораст забележа економија на Ирска, следена од Шпанија, покажува студијата.