Поранешниот економист на Голдман Сакс и човекот кој го „измисли“ името БРИКС кога ги опишуваше економиите во развој Џим О’Нил зборуваше за напорите на лидерите на оваа организација да воспостават заедничка валута.
Пред 15-тиот самит на БРИКС, Џим О’Нил за Фајненшл Тајмс изјави дека БРИКС никогаш не постигнал ништо на состаноците. Поради ова, економистот смета дека воведувањето заедничка валута за пет различни економии е неостварливо.
– Тоа е едноставно смешно. Дали ќе создадат централна банка на БРИКС? Како би го направиле тоа? Срамна приказна, рече О’Нил.
Во 2001 година, економистот О’Нил зборуваше за акронимот БРИК (кратенка пред влезот на Јужна Африка во организацијата) за да го нагласи економскиот потенцијал на Бразил, Русија, Индија и Кина и потребата од преобликување на глобалното и политичкото управување со цел државите да се вклучат многу повеќе во процесите.
Иако освен Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка, желба да се приклучат на организацијата изразија и други азиски и африкански земји, О’Нил смета дека проширувањето нема да има вистинско значење.
„Не знам што се обидуваат да постигнат освен моќна симболика“, истакнува економистот.
Тој се осврна и на несогласувањата меѓу самите членки на организацијата.
– Добро за Западот е што Кина и Индија ретко се согласуваат за нешто. Ако се договорат, доминацијата на доларот би била многу поранлива. Често им велам на кинеските креатори на политиката. Заборавете на вашите бескрајни историски битки и обидете се да се разберете со Индија Тогаш светот може да ве сфати многу посериозно, заклучи О’Нил.