Македонската економија во 2018 година се соочува со целосен дебакал. За тоа говори последниот извештај на Министерството за финансии за извршување на Буџетот заклучно со 2018 година. Во извештајот стои дека за 6 месеци не се реализирани ни 17% од капиталните инвестиции, или поточно 16,65% кои се моторот на економијата во државата. Ова говори дека целата економија е во застој, штом државата не реализира ниту 17 % од предвидените инвестиции.
Ова покажува дека во Македонија се случува катаклизма на економски план.
Загрижувачки е што Република Македонија во овој период во кој не се реализира ништо се задолжи по различни основи за нешто помалку од 2 милијарди евра, а патем нема никакви проекти. Познавачите велат дека се тоне или стагнира, а само трошоците за живот растат, што несомнено го намалува стандардот на граѓаните.
Слабата динамика на реализација на капиталните трошоци која за пола година е помалку од 17% најавува дека растатот и за вториот квартал веројатно ќе биде повторно од 0 до 1% што говори дека Македонија тешко дека ќе го достигне проектираниот раст од 2,3% за 2018.