Според Никола Чупаров, коосновач и главен извршен директор на Moneyfold, ова е затоа што валутата нема да биде дел од блокчејн мрежата
Libra на Фејсбук нема да биде криптовалута. Причината е тоа што нема да биде дел од блокчејн мрежата, како што е биткоинот, туку ќе користи нова технологија. Ова го изјави Никола Чупаров, коосновач директор на Moneyfold,.
Libra ќе биде разменска единица и приватна валута на Facebook, која ќе биде обезбедена со кошница од различни национални валути како долари, евра и јени, додаде тој.
По повод сослушувањето на раководството на Facebook за Libra од една од комисиите во Американскиот сенат вчера Никола Чупаров раскажа дека сенаторите немаат ништо против самата иновација и развој на системот, но изразија сомнежи и грижи имајќи ги во предвид претходните неисполнети ветувања од Facebook. Раководството на Фејсбук ветува дека овој пат работите ќе бидат различни и имаат соучество во управувањето и контролата. Без разлика дали ќе ги задоволи сенаторите и регулаторите од целиот свет, ќе видиме, рече Чупаров.
“Регулаторите се загрижени за перењето пари и финансирањето на тероризамот. Тие не знаат како новите и иновативни технологии ќе ги запрат овие процеси и дали нема да им помогнат “.
IT системите кои се користат при плаќањето на средствата, што ги користат банките се многу застарени, тврди основачот и извршен директор на Moneyfold. “Во моментов се води битка меѓу земјите која ќе воведе најдобра технологија и паралелно со тоа тече дебата која е најсоодветна за идната генерација финансиски услуги. Blokchain и Stablecoin се појавуваат како една таква технологија. Другиот предлог е мрежата на Libra “, рече тој.