Од петок, 15 мај, започнува со работа експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје во трговскиот центар Сити мол во Скопје, со работно време од 08 до 15 часот (од понеделник до петок).
Корисниците на гифт картичките, од 15 мај ќе можат да уживаат во пазарењето со истите во ТЦ Скопје Сити мол. Бидејќи одреден период корисниците на овие подарок картички не беа во можност да ги користат истите, со отпочнувањето со работа на трговскиот центар, рокот на важност на гифт картичките се продолжува на следниот начин:
- Рокот на сите Гифт картички чија важност истекла во периодот од 15.03.2020 до 15.05.2020 година се продолжува до 15.07.2020 година.
- Важноста на сите гифт картички кои сѐ уште имаат рок на важење се продолжува за дополнителни 60 дена, сметано според денот на издавање на секоја картичка.
Сите клиенти, може да го проверат рокот на важност на картичката, како и преостанатиот износ за користење на следниот линк.
Ви посакуваме пријатен шопинг и да не заборавиме дека и понатаму треба да останеме одговорни во заштитата на личното и на колективното здравје. Имајќи предвид дека мерките за заштита од вирусот Covid-19 се се уште во сила во земјава, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје задолжително е носење заштитна маска, марама или шал и држење на пропишаното растојание.