Шпаркасе Банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Тетово, на нова атрактивна локација на ул. „Илинденска“ бр.1/1, во центарот на градот.

 

На настанот присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на Банката од градот и од регионот. Новата експозитура располага со модерен ентериер, според најсовремени стандарди воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

 

 

Свое обраќање пред присутните гости имаа претставници на Шпаркасе Банка Македонија, кои ја претставија деловната стратегија на Банката за присуство со што повеќе експозитури низ државата, со цел да се доближи до своите сегашни и до идните клиенти и да овозможи брз и ефикасен пристап до своите производи и услуги.

 

 

„Шпаркасе Банка Македонија ги следи промените во трендовите и новите навики кај потрошувачите и согласно со нивните очекувања ја приспособува и својата банкарска понуда. Секојдневните релации со клиентите ни се од големо значење, а со промената на локацијата на експозитурата во новите простории, се надевам дека ќе им овозможиме пријатна атмосфера, добра функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување“, изјави Флорин Идризи, раководител на експозитурата на Шпаркасе Банка во Тетово.

 

Со модернизација на своите експозитури што ги задоволуваат највисоките просторни и функционални стандарди, Шпаркасе Банка Македонија ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.

 

 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 46 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 2.380 вработени и 236 експозитури и регионални центри, опслужува околу 692.143 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.