За само е 24 часа  пазарот на криптовалути изгуби неверојатни 60 милијарди долари поради огромниот пад на главните играчи како биткоин, етерум и рипл, а пазарната вкупна капитализација на криптовалутите падна на 320 милијарди долари на глобално ниво.Ова е всушност продолжение  продолжен минатонеделниот пад.

 

Кон средината на декември претходната година, виртуелните валути достигнаа максимална вредност, но оттогаш па навака тие континуирано ја намалуваат и својата пазарна капитализација и што е уште поважно пазарната цена.

Последните податоци се загрижувачки, бидејќи на најпознатата виртуелна валута биткоинот, вредноста и се намалила за 13,5% и моменталната вредност изнесува 7.361 долари, претрпувајќи ја својата најлоша недела од 2013-та година. Драстично намалување на цените се забележани и кај другите криптовалути. Втората најпозната криптовалута етериумот падна за 16,96% со пазарна цена од 724 долари, рипл падна за 14,51% со пазарна вредност 0,71 долари, додека биткоин кеш ја намали својата вредност за 17,4% односно достигна вредност до 951 долари.

Пазарната капитализација на сите криптовалути се намали на 341,58 милијарди долари, што значи дека повеќе од 90 милијарди на пазарот беа избришани во изминатиот ден.

Драстичниот пад на виртуелните валути пред се се должи на забраната кои ја воведоа банкарските гиганти кои им забрануваат на своите клиенти да купуваат биткоини со своите кредитни картички.

Најпрво нови правила во врска со биткоинот донесе Кинеската централна банка која најави поголема контрола врз граѓаните кои имаат трансакции со биткоини и почетни крипто понуди во странство со цел да се заштити кинескиот девизен и валутен пазар. Во Индија состојбата е исто така лоша за инвеститорите бидејќи државата најави целосно сопирање на тргувањето со криптовалути, ICO и нивна размена во странство

И  битанската банка „Lloyds Banking Group“, која во неделата рече дека воведува забрана на своите клиенти да купуваат биткоини со своите кредитни картички, а на нив се надоврзаа и американските банкарски гиганти „JPMorgan Chase“ и „Citigroup“, кои исто така воведоа слични ограничувања.