Новиот предводник на Мерцедес, целосно електричен EQS изграден на новата EV платформа, ќе го освојува пазарот од 2022 година.
Тој ќе биде врв на понудата на Мерцедес меѓу десетте најавени електрични модели што ќе пристигнат во следните три години.
Електричен клон на S-Class, EQS ќе се приклучи на постојниот EQC SUV и на претстојниот EQV MVP и EQA хечбек.
Додека EQC е направен на адаптирана верзија на платформата на која се базира СУВ-от GLC, EQS ќе биде првиот Мерцедес на платформа специјално дизајнирана за електрични возила.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк