Таа за време на состанокот на финансиските претставници на земјите-членки на Г20 рече дека побавниот раст во Кина може да се прелее и на другите економии, но американската економија е на „добар пат“ за намалување на инфлацијата, додека пазарот на трудот останува силен.
„За САД растот е забавен, но нашиот пазар на труд е се уште доста силен. Не очекувам рецесија. Последните податоци за инфлацијата беа доста охрабрувачки“, рече Јелен.