Преку зајакнување на капацитетите на општинските совети преку проектот кој го работи Министерството за финансии со Министерството за локална самоуправа, УНДП и швајцарската агенција за развој се дава придонес за финансирање на општините.

Ова особено се однесува во развојот изработката  на годишен  и полугодишен извештај. Ова го рече замнеик министерката за финансии на јавниот настан за имплементација на проектот на кој присуствуваа и шефот на канцеларијата на УНДП во земјава Шахакјан и швајцарската амбасадорка Сибил Техада.

Заменик министерката за финансии Елези посочи дека ако сакаме одржлив економски раст и развој на земјата, еден од предусловите е развој на локално ниво.

– Општините треба да се насочат кон постигнување на две цели – зголемување на квалитетот на живот на граѓаните и транспарентност и отчетност за работата. Во однос на првата цел – обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните, Владата води политика на пренесување нови надлежности и финансиски средства на општините за успешно извршување на доверените надлежности. Од најголема важност е и да се изгради однос на доверба со граѓаните. Владата и Министерството за финансии преземаат повеќе чекори во таа насока. Почнавме квартално да ги објавуваме извештаите за извршување на буџетите на општините, а ги објавивме и заостанатите обврски на општините. Во втората фаза од имплементацијата на Отворениот Трезор, како врвна алатка за транспарентност, предвидено е и вклучување на општините, со што ќе се постигне максимална транспарентност. – рече Елези и додаде дека земјата е лидер во фискалната транспарентност во регионот.

Елези посочи дека Владата работи на подигнување на приходниот капацитет на општините и второ континуирано помага на општините за исполнување на утврдените критериуми во процес на фискалната децентрализација, кои постепено го градат својот административен, кадровски и стручен капацитет. Таа посочи дека споредено со 2005 година во која започна процесот на трансфер на надлежности и фискалната децентрализација, приходите на општините се зголемиле за повеќе од пет пати. Во истиот период, даночните приходи врз кои општината има автономија на наплатата се зголемиле за повеќе од два пати, соопшти Министерството за финансии.