Основачот на компанијата „Спејс екс“, коосновач на компанијата „Тесла“ и неодамна најбогатиот човек на планетата, Елон Маск, неодамна изјави дека никогаш нема да одбие да биде платен во биткоини.
Имено, откако познатиот американски писател Бен Мезрич, авторот на книгата „Случајни милијардери“, напиша на својот Твитер профил дека никогаш нема да одбие да биде платен во биткоини, следеше одговорот на милијардерот. Маск се согласи и напиша „ниту јас“.
Американскиот милијардер, по потекло од Јужна Африка, е љубител на криптовалутите, особено на биткоинот. Тој предизвика вистински возбуда во декември кога рече дека компанијата „Тесла“ може да го претвори билансот во биткоин. Тој исто така рече дека многу брзо после тоа Економијата на Марс може да се базира само на крипто-валути.