Андреј Иларионов, поранешен економски советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека „целосното ембарго“ на западните земји на руските енергенси може да стави крај на војната во Украина.

Иларионов изјави дека Русија „не ги сфаќа сериозно“ заканите на другите земји дека ќе ја намалат употребата на руските енергенси, пренесува Би-би-си.

„Семтам дека за месец или два веројатно ќе биде запрена руската воена операција во Украина. Тоа е еден од поефикасните инструменти што ги поседуваат западните земји“, рече тој.

И покрај обидите на Европа да ја намали зависноста од руски енергенси, таа продолжува да купува нафта и гас од Русија.

Според податоците од минатата година, нафтата и гасот сочинуваат 36 отсто од приходите на руската влада, а најголем дел е Европската унија, која увезува 40 отсто од резервите на гас и 27 отсто од нафтата од Русија.

„Тоа е еден од многу ефикасните инструменти што се уште го имаат западните земји“, додаде тој.