Воведувањето на ембарго за испорака на гас од Русија може да доведе до раскол во ЕУ, изјави во интервју за Handelsblatt шефот на најголемиот германски енергетски концерн E.ON, Леонард Бирнбаум.
„Воведувањето на ембарго би било болен удар за Германија и за цела Европа. Некои земји целосно или во голема мера се потпираат на руските енергенси, а таквиот потег може да доведе до раскол во ЕУ“, смета Бирнбаум.
„Таков потег би бил погрешен… Таков потег не само што би ја погодил силно Германија, туку Европа би имала огромен проблем. На пример, Словачка е целосно зависна од рускиот гас, а земјите како Чешка и Австрија добиваат најголем дел од нивниот гас од Русија. Во многу други земји на ЕУ, рускиот гас има значителен удел“, предупредува шефот на E.ON.
Според него, за прашањата за гасот треба да се разговара на паневропско, а не на национално ниво.
„Ако мислиме дека можеме да ја снабдуваме Германија без да се грижиме за другите земји, тогаш тоа ќе доведе до раскол во ЕУ“, дециден е Бирнбаум.