Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи објави загуба од 3,4 милијарди долари, првпат по повеќе од 30 години.
Полугодишниот извештај бележи загуби како резултат на пандемијата „Ковид-19“, која го парализира воздушниот сообраќај.
„Поради оваа досега невидена состојба за авијацијата и патничката индустрија, Емирати Груп забележа шестмесечна загуба за прв пат во повеќе од 30 години“, рече претседателот на авиокомпанијата, шеикот Ахмед Бин Саид Ал-Мактум.
Најголемата авиокомпанија на Блискиот исток, која има флота од 270 големи авиони, ги прекина своите активности на крајот на март поради епидемијата на новиот коронавирус.