Новата студија открива двојно повеќе земјиште кое е потребно за да се задоволат потребите за електрична енергија во земјата без непотребно влијание врз природата и локалните заедници.
Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест.
Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.
Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници.
Студијата промовира локации за поставување на оновливи извори на енергија на рудници и деградирани површини, кои исто така имаат значителен енергетски потенцијал. Ваквите локации ги намалуваат негативните влијанија врз природата и обезбедуваат работни можности, особено важни за праведна транзиција во поранешните рударски региони. Значаен пример за овој пристап е соларниот парк Осломеј, изграден на територијата на поранешен рудник за лигнит. Тој е веќе делумно функционален и по завршувањето ќе има инсталирана моќност од 120 MW.
,,Се радувам на фактот дека знаењето и алатките за побрза транзиција кон обновливи извори на енергија стануваат сѐ подостапни. Токму тоа е една од задачите на оваа студија, да се посочат одржливи локации за производство на обновлива енергија за да можеме да го избегнеме непознаниците и потенцијалните препреки на патот кон брзата енергетска транзиција’’, вели Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy.
,,Со оглед на тековната општествено-политичка клима која го поддржува развојот во областа на обновливите извори на енергија, веруваме дека резултатите од оваа студија можат да бидат главна насока за постигнување на нашите цели. Затоа, се надеваме дека ќе ги видиме овие мапи интегрирани во идните верзии на клучните стратешки документи како што се Стратегијата за енергетика на Македонија, Националниот план за енергија и клима (NECP) и плановите за аукции во областа на обновливите извори на енергија на одредени локации’’, заклучува Вејновиќ.
Нарушувањата во енергетскиот систем на Европа, како резултат на руската инвазија на Украина, поттикнаа бројни европски земји значително да го забрзаат распоредувањето на обновливите извори на енергија, диверзифицирајќи ги нивните енергетски извори и со тоа зајакнување на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.
,, ,,Резултатите од студијата нудат можности не само за носителите на одлуки, туку и за инвеститорите. Користењето на наодите од методологијата и креираните мапи, им овозможува преглед за тоа кои локации се најдобри и каде да го насочат нивното внимание. Со тоа можат да си обезбедат намалување на потенцијалните предизвици, ризиците и доцнењата и да обезбедат гаранции дека нивните проекти се усогласени со барањата за заштита на животната средина и избегнување на конфликтни ситуации со локалната заедница’’, вели д-р Александар Дединец од Македонската академија на науките и уметностите, додавајќи, ,,Пристапот за паметно планирање може да им помогне на инвеститорите да бидат проактивни и да направат информиран избор во областите со низок ризик’’.
Студијата беше спроведена како дел од проектот ,,Паметно енергетско планирање“, што произлегува од успешната соработка која ефективно ја комбинира стручноста на локалните експерти со меѓународното искуство. Истражувањето опфати јавна анкета и три фокус групи, собирајќи 35 засегнати страни од регионалните и општинските власти, земјоделскиот и енергетскиот сектор, како и граѓанските организации фокусирани на животната средина, биолошката разновидност и намалувањето на сиромаштијата. Проектниот тим се согласува дека соработката меѓу широк спектар на експерти, институции, инвеститори, проектанти, граѓански огранизации и локални заедници е клучна за успешна енергетска транзиција.
,,Без разлика дали се работи за прилагодување на нашите стратегии, усовршување на методологиите или споделување конструктивни предлози, ги покануваме сите заинтересирани страни да се ни се придружат. Взаемната соработка не само што може да го подобри нашиот пристап, туку и да инспирира нови иновативни решенија за одржлива енергетска транзиција’’, вели Ана Чоловиќ Лешоска д Еко-свест.
На следната страница- карти од студијата
СОЛАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Се проценува дека 50 GW соларна фотоволтаична инсталирана моќност може да се развие во области со оцена повисока од 4,2 означени со темно црвена боја, или 11 GW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците
ВЕТЕРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Околу 457 MW инсталирана моќност на ветерни централи може да се развијат во области со оценка повисока од 3,7 означени со темно виолетова боја, или 354 MW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.