Боинг е пазарно истиснат од својот европски ривал Ербас во профитабилен нов договор со Flydeal авиокомпанија од Саудиска Арабија, пишува The Wall Street Journal.

Разнишаната американска компанија изгуби договор вреден 5,5 милијарди долари за да ги продаде своите 737 MAX летала на Flydeal откако превозникот реши да купи 50 авиони на “Ербас А320нео“. Потегот на Flydeal е “еден од првите опипливи знаци” дека кризата на Боинг најверојатно ќе ги охрабри и останатите авиокомпании низ светот сериозно да ги разгледаат понудите на “Ербас” за идни нарачки.