Заедно, ние ќе ја добиеме оваа битка против оние кои се обидуваат да ја втурнат Турција во заговор, рече претседателот пред бизнис претставниците во Анкара
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот изјави дека е цврсто решен да ги намали каматните стапки до целните нивоа. Шефот на државата не пропушти да ги искоментира и гласините околу смалувањето девизни резерви на Турската централна банка, кои според него имаат за цел само да создадат негативно расположение спрема земјата.
“Заедно ќе ја победиме оваа битка против оние кои се обидуваат да ја втурнат Турција во заговор околу околу девизните курсеви, каматните стапки и инфлацијата”, изјави тој во говорот пред претставниците на бизнисот во Анкара, цитиран од агенциите. “Ние сме категорично решени да ги намалиме девизните курсеви, каматните стапки и инфлацијата до целните нивоа“, дополни претседателот.
Во вторникот гувернерот на централната банка, Мурат Цетинкаја, рече дека зголемувањето на каматните стапки ќе остане како можност само ако инфлацијата се зголеми неочекувано. Тој, исто така, ја бранеше политиката на банката во однос на девизните резерви во однос на позадината на растечката загриженост во врска со депрецијацијата на лирата во последниве недели.
На состанокот минатата недела централната банка ја остави својата водечка стапка непроменета на 24%. Во моментов, годишната инфлација е близу до 20%.
Ердоган често ги критикува високите каматни стапки, велејќи дека пониските трошоци за позајмување ќе ја зајакнат економската активност.
Лирата, која изгуби скоро 11% од својата вредност во однос на доларот од почетокот на годината.
Валутната криза во земјата во текот на изминатата година, поттикната делумно поради загриженоста од политичкиот притисок врз политиките на централната банка, избриша речиси 30 % од вредноста на турската валута и ја турна економијата на рецесија.