Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера ги повика турските граѓани и компании да ги претворат своите девизни заштеди во лири.
Со овој потег официјална Анкара се обидува да ја зголеми побарувачката на локалната валута.
Ердоган на седницата на Владата рече дека 163 милијарди лири се депонирани на сметки во рамките на шемата на Владата, која ги штити заштедите во лири од опаѓање на вредноста, пишува Bankar.me.
Турската валута во декември беше на историски најниско ниво со курс од 18,4 лири за долар, а потоа закрепна под влијание на владините мерки.
Лирата изгуби 44 отсто од својата вредност минатата година и беше најслабата валута меѓу пазарите во развој.