Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минималната плата во Турција во 2025 година ќе изнесува 22.104 турски лири (604 евра), што претставува зголемување за 30 отсто.
Економистите очекуваат зголемувањето на минималната плата, кое погодува околу девет милиони работници и се смета за репер за зголемување на платите во приватниот сектор, да ја зголеми инфлацијата во наредните месеци.
Според пресметките на Ројтерс врз основа на студиите на централната банка, зголемувањето на платите од 25 отсто би ја зголемило годишната инфлација за 1,5 отсто до пет отсто.
Инфлацијата во Турција падна на 47,09 отсто во ноември од годишниот максимум од 75 отсто во мај, најмногу поради строгата монетарна и фискална политика.