Ескалира трговската војна меѓу САД и Кина, која најмногу ќе ја погоди средната класа и сиромашните слоеви во САД. Изданијата на Кинеската Медиа Груп објавуваат: Со свој камен по глава. Американските компании ќе го почувствуваат ударот доколку администрацијата на Трамп одлучи да наметне нови даночни ставки за кинескиот увоз од 200 милијарди американски долари. На ова се противат и американските компании, се објаснува понатаму во написот.
Откако се разбурка и Вашингтон, Вол Стрит Журнал напиша: учесниците општо бараа исклучоци од оданочувањето… Ги нагласуваа потешкотиите во обидите да се најдат добавувачи надвор од Кина за продуктите. А Министерството за трговија има малку начини да го реши проблемот со кој се соочуваат овие американски компании.
Новите царини се воведоа неколку часа пред вториот ден од разговори меѓу американски и кинески претставници кои се обидуваат да стават крај на трговската војна меѓу државите.
-Ова е лудо. Не разбирам како ќе можат да обработат и процесуираат толку сложени производи и категории, вели Бикрам Сингх извршни директор на Њуејџ Кастинг.
– Загрижен сум за кинеската индустрија на гума и улогата која таа ја игра на американскиот пазар, која изнесува 40 проценти од продажбата во САД. Тоа е огромен број и не постои друг пазар на светот кој може да ја задоволи таа побарувачка, смета Валтер Велер, потпретседател на Сојузот на кинеските производители.
Нема знаци за постигнување спогодба околу поплаките на САД дека Пекинг ја краде технологијата и нејзината индустрија развива планови кои ги прекршуваат обврските на Кина за слободна трговија.
САД воведоа нови царини од 25 отсто за кинески стоки, Кина возврати со, како што ја нарекоа „неопходна одмазда“ – воведува 25 отсто царини за американска стока со вредност од 16 милијарди долари, кои опфаќаат увоз на сурова нафта, челик и медицинска техника. Прашање е дали Кина се чувствува доволно силна за да се доведе до точка на ескалација со својот најголем трговски партнер, САД?
Експертите објаснуваат дека царинските казни се пред се средство за водење психолошка војна, а тоа неминовно предизвикува страв кај населението и во двете држави.