АД ЕСМ доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за проектите Ревитализација на хидроелектраните-трета фаза и за Ветерен парк Богданци-втора фаза.
Како што информираат од компанијата, и за двата проекти за финансирање се користат поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КфВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, додека средствата од WBIF дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите.
Western Balkans Investment Framework (WBIF) е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, донатори и помагатели, чија цел е подобрување на социо-економскиот развој на регионот и придонесување кон европската перспектива на Западен Балкан.