Електрани на Северна Македонија, односно поранешно АД ЕЛЕМ, ќе биде субјектот кој ќе дава до 60.000 денари, односно целосно ќе ги исплаќа купените инвертер клими во трите најзагадени градови во Македонија – Скопје, Битола и Тетово.
Ова го потврди директорот на компанијата Васко Ковачески, кој вели дека проектот е во самиот почеток и дека за оваа мерка ќе биде потребно да се издвојат од 3 до 4 милиони денари.
Според тоа, жителите ке треба да ги заменат печките на дрва, а тоа би било целосно бесплатно со инвертер клими до илјада евра.
Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер клими. До стартот на грејната сезона има нешто повеќе од еден месец.