Советот на директори на Европскиот механизан за стабилност (ЕСМ) одобри исплата на последната транша од програмата за спас на Грција.
Средствата во висина од 15 милијарди евра ќе бидат префрлени откако ќе завршат националните процедури.
Земјите членки на евро зоната синоќа изразија подготвеност за исплата на последната транша за Грција, но средствата ќе бидат префрлени на почетокот од август поради приговорите на Германија за неконзистентно продолжување на намалените стапки на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои грчки острови.