Владата на Естонија ги одобри измените на законот за странци, со кои се предвидува можност за издавање визи за дигитални номади. Кога административната работа ќе заврши, таа треба да стане една од првите земји во светот што обезбеди ваков вид придобивка, пренесува порталот Шенген Виза Инфо.
Премиерот на Естонија, Март Хелме, рече дека вообичаените регулативи ќе се применуваат при издавање визи за дигитални номади.
„Ниту едeн дигиталeн номад нема право на виза самo по себе. Ќе бидат обработени нивните барања, како и барањата на сите други апликанти “, истакна тој.
Тој исто така објаснува дека ќе бидат земени предвид можните злоупотреби и потенцира дека државата на тој начин очекува економско закрепнување по пандемијата.
Програмата ќе се спроведува постепено, а првично, странците кои ќе докажат дека се дигитални номади ќе можат да аплицираат. Се очекува да аплицираат околу 2.000 луѓе.
Дигиталната номадска виза е наменета за лица чија работа не зависи од одредено време или локација. Тие обично работат во ИТ-индустријата, финансиите или маркетингот.
Засега, овој вид придобивки ги нудат и Германија, Костарика, Норвешка, Мексико, Португалија и Чешка.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк