Европската централна банка (ЕЦБ) ги извести банките во еврозоната дека мораат да го заострат пристапот во решавањето на проблемите со „лоши“ кредити.
Како што наведоа и понатаму имаат потешкотии со растечкиот долг кој достигнува речиси 1.000 милијарди евра.
Кредиторите мораат во рок од две години целосно да го покријат неосигураното портфолио со проблематични кредити (NPL), додека за осигураните NPL рокот е седум години, соопшти ЕЦБ, пренесува Блумберг.
Ова е прв пат банкарскиот супервизор да утврди временски ограничувања поврзани за рок во кој банките треба да издвојат капитал за кредитите кои стануваат „проблематични“.
Овие насоки се најновите обиди на европските власти да се фатат во костец со проблемот кој и понатаму ја ограничува способноста на банките да позајмуваат средства, и тоа 10 години по појавата на глобалната финансиска криза, оценува њујоршката агенција.