Европската централна банка најави дека планира да ја сопре програмата за квантитативно олеснување со која ја стимулираше европската економија.
Во рамките на оваа програма ЕЦБ откупи акции и обврзници во вредност од 2,5 трилиони евра.
Програмата за квантитативно олеснување досега беше продолжувана неколку пати, но доколку нема ново продолжување, треба да заврши во септември.
Но, одлуката сеуште не е дефинитивно донесена и според Ројтерс се очекува таа да се донесе кон крајот на јуни или почетокот на јули, што е прилично доцна во однос на терминот кога завршува програмата. Сепак, не е возможно порано да се донесе одлуката, бидејќи ЕЦБ не може да предвиди како ќе се одвива состојбата со најавеното американско воведување на царини за повеќе разни производи.