Еврокомесарот за проширување на Стратешкиот форум во Блед изјави дека Европската комисија предвидува суштински економски и инвестициски план за регионот на Западен Балкан.
„Предлагаме приближно една третина од БДП на целиот регион за инвестирање, речиси 30 милијарди евра за целиот регион да дојде и да испорача во следните четири до пет години темелна промена на теренот за луѓето и економијата-да се поврзат престолнини со автопати и железници, постепено отстранување на јагленот, внесување обновлива енергија, создавање атрактивна инвестициска клима, внесување на широкопојасен интернет“, рече Оливер Вархеи.
„Ова е она што го нуди Европа. Никој друг не го нуди ова. Имплементацијата на овој план ќе започне овој семестар“, рече тој.
Според Вархеи, „проширувањето е процес кој има свои фази. Тоа е повеќе административен отколку политички процес. Меѓутоа, она за што треба да разговараме е како Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, како ќе биде интегриран политички, економски, во однос на општествата и безбедносната архитектура. Ова се прашањата за Западен Балкан“.
Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан мора да бидат мотивирани да влезат во ЕУ. „Немаме повеќе време за губење“.