(Женева/Брисел- Ројтерс) – Европската унија објави предлози денес (понеделник) за реформи во решавањето на споровите во Светската трговска организација, во која се согласи со Кина, Индија и други земји, надевајќи се дека ќе ги надминат приговорите на САД, кои ја доведоа СТО во криза.

“Сега, заедно со широка коалиција на членовите на СТО, ги презентираме нашите најконкретни предлози за реформа на СТО. Се надевам дека ова ќе придонесе за решение на сегашниот ќор-сокак”, рече европската комесарка за трговија, Сесилија Малмстром, во изјавата.