ЕУ постигна договор за да им отстапи на САД поголем дел од европскиот пазар на говедско месо, објави Ројтерс.
Договорот значи дека САД сега ќе обезбедат загарантирани плус 18.500 тони од квотата од 45.000 тони за говедско месо без хормони, со тоа што количината ќе се зголемува до 35.000 тони по седум години. Потегот ќе го намали износот на квотата на другите земји како Австралија, Уругвај и Аргентина кои исто така ќе можат да се натпреваруваат за овој атрактивен пазар, но оваа мерка првенствено би можела да помогне во намалување на тензиите меѓу САД и Европа.