Европската унија воведе широка забрана за обезбедување крипто услуги на Русите како дел од осмата рунда санкции одобрени во четвртокот.

Новата мерка ги заостри ограничувањата кои важеа од април 2022 година, пишува Раша денеска.

„Постоечките ограничувања за крипто средствата се заострени со забрана на сите паричници за чување крипто средства, сметки или услуги за чување, без оглед на износот на средствата во паричникот (претходно беше дозволено до 10.000 евра)“, се вели на веб-страницата на Европската комисија.

Откако Visa и Mastercard го напуштија рускиот пазар на почетокот на оваа година и некои банки беа исклучени од меѓународниот банкарски систем SVWIFT, криптовалутите, особено стабилкоинот USDT, станаа еден од најпопуларните начини на Русите да префрлаат пари во странство.

Операторите за крипто услуги со седиште во ЕУ можеби ќе треба да престанат да ги обработуваат трансакциите со Русите, освен ако клиентите не се жители на 27-члениот блок, пишува Форбс Русија.

Крипто платформите надвор од ЕУ би можеле да го следат примерот, предупреди Форбс Русија. Откако ЕУ во април воведе ограничување од 10.000 евра за крипто средства за руските граѓани, платформата регистрирана во САД Binance, една од најпопуларните размени меѓу Русите, ја усвои истата мерка, додава RT.