Министрите за финансии на Европската унија би требало наредната седница да ги отстранат Бахреин, Маршалските острови и островот Света Луција од европската листа со даночни раеви.
Со тоа бројот на јурисдикции на таа листа ќе биде сведен на шест, известува агенцијата Ројтерс која имаше увид во документите на ЕУ.
Тој потег, кој го предложија експертите на ЕУ и кој треба да го одобрат министрите на состанокот на 13ти март, доаѓа по јануарското бришење на осум други јурисдикции од листата на која, кога беше сочинета во декември, вкупно беа 17 земји.
Шест јурисдикции кои остануваат на црната листа се Американската Самоа, Гуам, Намибија, Палау, Самоа и Тринидад и Тобаго.
Бахреин, Маршалските острови и Света Луција се отстрануваат од списокот бидејќи ги исполнија „специфичните барања“ со цел прилагодување на нивните даночни прописи и пракси со стандардите на ЕУ, се наведува во документот, кој го пренесува Ројтерс.