Следната недела министрите за финансии од ЕУ ќе ја намалат бројката на земји даночни раеви, со тоа што ќе ги отстранат Бахреин, Маршалските Острови и островот Света Луција од европската листа на даночни раеви.
Со тоа, бројот на јурисдикции на таа листа ќе биде сведен на шест држави. Потегот предложен од експерти на ЕУ, а кој треба да го одбрат министрите за финансии на 13 март, доаѓа откако во јануари беа избришани други осум држави.