СТО ги предупреди САД да не започнуваат трговска војна Трамп напиша на Твитер дека САД “немаат избор”
Станува јасно дека Европската комисија на својот состанок следната среда конкретно ќе разговара за можни реципрочни мерки.
Вчера Трамп објави наметнувањето на дополнителни увозни давачки во износ од 25 проценти за челикот и 10 проценти за алуминиум, за да и помогне на закрепнување на домашната индустрија и прекинувањето на “неправедната трговија и лошата политика со земји од целиот свет”.
“Ако Американците им наметнуваат давачки на челик и алуминиум , ние мораме да ги третираме американските производи на ист начин”, изјави тој за германската телевизија.
Мораме да покажеме дека можеме да наметнеме мерки , додаде тој. Јункер истакна дека ЕУ може да го нападне Харли Дејвидсон, американскиот гигант за виски и фармерки.