Пишува: Борјан ЈОВАНОВСКИ
На 30 јуни 2023 година во Осло, Норвешка на Оперативниот борд на Инвестициска рамка за Западен Балкан одобрени се 14 проекти за земјите од Западен Балкан. Од 14 одобрени проекти, 3 проекти се апликации на Република Северна Македонија и тоа:
1. Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Грантот е во износ од 2,2 милиони евра а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра е поддржнана со заем од Светска банка.
2. Зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточниот регион. Грантот е во износ од 8 милиони евра а вкупната инвестиција од 34,7 милиони евра е подржана со заем од ЕБРД.
3. Коридор 8 изградба на косини на експресниот пат Крива Паланка Страцин. Грантот е во износ од 14 милиони евра а вкупната инвестиција од 36,7 милиони евра е поддржана со заем од Светска банка.
Во пакети на одобрени проекти се и проекти од регионално значење, каде корист ќе имаат претпријатија и јавниот сектор од нашата земја, како што се:
4. Сигурен и безбеден транспорт во износ од 80 милиони евра. Вкупната инвестиција е околу 494,8 милиони евра заем од Светска банка. Преку овој проект ќе се финансира проектот за воспоставување на Интелигентен транспортен систем на Министерството за транспорт и врски што е проценет на околу 12 милиони евра и вкупна инвестиција од 27,7 милиони евра.
5. ГГФ (Зелен развоен фонд) Промовирање на зелени заеми во Западен Балкан каде е доделен грант во износ од 24 милиони евра а вкупна инвестиција е 231 милиони евра. Средствата ќе се канализираат преку меѓународните финансиски институции и домашните комерцијални банки.
6. Одржлив пристап до финансирање за претприемништво – САФЕ каде е доделен грант за поддршка на мали и средни претпријатија од 10,4 милиони евра а вкупната инвестиција е 40,4 милиони евра.
7. Дигитализација на Западен Балкан каде е доделен грант во износ од 27,6 милиони евра и инвестиција до 177,7 милиони евра. Ова е поддршка за мали и средни претпријатија за дигитализација, автоматизација и зголемување на конкурентноста.
Вкупно одобрените проекти за земјите од Западен Балкан се во износ од 528 милиони евра. Сите одобрени проекти се во насока на спроведување на Економскиот и Инвестициски план за Западен Балкан промовиран од Комесарот за проширување Вархеји во 2020 година.
Во текот на летото, Европската комисија ќе промовира околу 20 гарантни фондови за приватниот сектор за да се поттикне развојот на претпријатијата во Западен Балкан, да се подобри нивното работење и да се одржат приватните инвестиции. Досега Европската комисија помагаше во пристапот кон финансии а во наредниот период ќе го преземе и ризикот од инвестициите за да го олесни и подобри приватниот сектор. Дополнителни информации за овие гаранции ќе се објават во септември годинава.
Превземено од Новатв.мк