Европската унија работи на планови за воведување царини за евтините производи купени преку кинески онлајн трговци на мало, вклучително и „Tema“, „Shein“ и „AliExpress“, објави во средата Financial Times (FT), повикувајќи се на добро информирани извори.

Според сегашните регулативи на Европсклата унија, пратките купени преку интернет во земји надвор од ЕУ не подлежат на царина доколку нивната вредност не надминува 150 евра. Европската комисија ќе предложи укинување на таа граница до крајот на месецот, пишува FT.

Две милијарди пратки со декларирана вредност помала од 150 евра пристигнаа во ЕУ минатата година, утврдила Комисијата, додавајќи дека „големото количество стока во е-трговијата ги тестира царинските граници“.

ЕУ разговараше за укинување на ограничувањата како дел од проектот за царинска реформа предложен од Комисијата во мај 2023 година и сега би можела да го забрза процесот за да се запре бранот на евтин увоз, наведува FT.

Критичарите на „Tema“ и „Shein“ во САД веќе се пожалија дека компаниите користат царински ослободувања за да ја поткопаат конкуренцијата и да избегнат царински прегледи на производите. Таа практика им помага на двете компании да понудат фустани за само осум долари и паметни часовници за 25 долари на клиентите ширум светот, забележува Reuters.

„Ние целосно ги поддржуваме напорите на предлагачите на законот за измена на регулативата de minimis“, рекол портпаролот на „Shein“.

Од „Alibaba“, матичната компанија на „AlliExpress“, не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар за извештајот на FT, а ниту од „Tema“ и ниту Европската унија не одговориле.